Денеска ќе се означат седум години од смртта на последниот диктатор на Балканот.
Или ако повеќе милувате, од смртта на последниот „недемократски политичар и државник“, или ако веќе сакате, клучната фигура одговорна за граѓанскиот колеж во екс Југославија.
Или ако повеќе милувате, од смртта на последниот „недемократски политичар и државник“, или ако веќе сакате, клучната фигура одговорна за граѓанскиот колеж во екс Југославија.
Што и да се каже, а тоа да не биде премногу, сепак ќе биде обвиено со доза на политичка контраверза.
Основач и долгогодишен претседател на СПС, Милошевиќ ќе биде запишан како првиот претседател на Република Србија, трет претседател на СР Југославија,
но во јавноста најмногу ќе се памети како политички инжинер и диригент на граѓанските војни во СФРЈ и воениот судир на Косово (и Метохија) во 1998-99 година.
Слободан Милошевиќ е обвинет за злосторства против човештвото, за кршење на обичаите на војување и за геноцид врз цивилното население во Босна и Херцеговина. Според некои независни истражувања и проценки, Милошевиќ (заедно со соработниците) проневерил државни пари во износ од 5 до 11 милијарди долари.
Неговиот политички (и пред се', личен) пораз доаѓа на 5 октомври 2000 година, со „Српската булдождер револуција“ на белградските улици. На 1 април 2001, Милошевиќ е симнат од тронот и уапсен, а веќе на 28 јуни истата година е испорачан во Хаг. „Слобо“ одбива адвокат и одлучува сам да се брани. Здравствено и духовно исцрпен, умира од срцев удар, делумно и како последица на затворските услови во Трибуналот.
Подемот на Милошевиќ
Слободан Милошевиќ доаѓа на позицијата претседател на Србија преку манипулација со српските национални чувства во врска со Косово.
За многумина, клучен момент кој го трансформира Милошевиќ од „сив партиски апаратчик“ до лидер и херој во Србија, е изјавата „Никој не смее да ве тепа!“ („Нико не сме да вас бије!“) дадена во април 1987, во обид да го смири незадоволството и гневот на српските работници на Косово и Метохија. Оваа контроверзна изјава ќе го катапултира Милошевиќ од маргините во самиот врв на српската државна и национална политика.
Набргу потоа, Милошевиќ ќе застане на чело на Српската комунистичка партија, преземајќи ја контролата од неговиот некогашен сојузник и пријател, Иван Стамболиќ. „На крилјата на славата“ и растечкиот популарност кај Србите (како нивен харизматичен лидер), Милошевиќ во 1989 година станува претседател на Србија.
Она што овој човек ќе го одржи на власт толку долг период и низ низа турбуленции во кои ќе влезе Србија и регионот, е неговиот етноцентризам, па и национал-шовинизмот кој го промовира, на сметка на хрватската, муслиманската (бошњачката) и албанската етничка заедница. Наместо да се бори против популарниот национализам, онака како што тоа го прават неговите „идеолошки браќа“ од Источна Европа, Милошевиќ го прифаќа и промовира истиот.
Промената на името на Српската комунистичка партија во Српска социјалистичка партија нема да има сигнификантни промени врз дејствувањето на истата, но и на нејзината контрола врз државниот имот, структурите и најважно - контролата врз медиумите.
Претседателот Слободан и новите граници
По највата за плурализам и демократско конституирање на власта во Хрватска, Милошевиќ ќе изјави дека српските граници на Балканот ќе треба да се прецртаат, со цел да се вклучат сите Срби кои тогаш живеат во другите републики. Со ова, веќе се наѕираат сериозни изгледи за отпочнување на граѓанска војна во СФРЈ.
Во Хрватската војна за независност, Милошевиќ (со помош на ЈНА и српските сепаратисти) ќе оствари почетен војнички триумф и во еден период ќе контролира дури третина од хрватската копнена територија (вклучувајќи ја Краина и западна Славонија). Меѓутоа, цената на војната била превисока. Илјадници војници дезертирале, а самоубиствата станале секојдневие.
Бројот на мртви за двете страни се проценува на 20.000, а бројот на раселени достигнува до 400.000.
Во Хрватската војна за независност, Милошевиќ (со помош на ЈНА и српските сепаратисти) ќе оствари почетен војнички триумф и во еден период ќе контролира дури третина од хрватската копнена територија (вклучувајќи ја Краина и западна Славонија). Меѓутоа, цената на војната била превисока. Илјадници војници дезертирале, а самоубиствата станале секојдневие.
Бројот на мртви за двете страни се проценува на 20.000, а бројот на раселени достигнува до 400.000.
Секој позначаен српски триумф е „релативизиран“ со наметнувањето на економските санкции од страна на ООН, а војната завршува со целокупна победа на Хрватска која остварува независност и контрола врз нејзините граници.
Војната во БиХ, окарактеризирана како најкрвавиот воен конфликт после Втората светска војна, ќе го оконча крајот на „остатокот од СФРЈ“. Милошевиќ се вклучува во босанскиот конфликт „во одбрана на правата на Србите“ од она што тој ќе го нарече „хрватски геноцид“ и „муслимански фундаментализам“.
Како што се зголемува степенот на воените злосторства кои ги врши раководството предводено од Милошевиќ, Србија станува се повеќе изолирана земја од страна на меѓународната заедница.
Со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, Милошевиќ во одрена мера ја редефинира перцепцијата која владее за него како „балкански касап“ во „балкански миротворец“. Тој се откажува од великосрпските претензии, а за тоа е „награден“ со подигање на економските санкци.
Почеток на крајот
Веќе во 1996 и 1997 започнуваат позначајните демонстрации против неговиот режим, односно фингираните локални избори. Многумина од демонстрантите се брутално претепани од безбедносните сили. После тримесечно протестирање, Слободан Милошевиќ се повлекува, попушта, и и' ги враќа „украдените избори“ на опозицијата. „Наградата“ за ова, е во неговото реизбирање за претседател од страна на федералниот парламент (контролиран од неговите приврзаници).
Бомбардирањето на Србија ќе и' донесе катастрофални последици на политичко-економски план. И покрај тоа, уништената инфраструкура, па и морал кај Србите, Милошевиќ вешто ќе ги искористи во својата цел да се прикаже како човек кој ќе ја реинкарнира и реизгради српската нација.
Соборување од власт
Милошевиќ ќе биде соборен од власт од страна на истите оние кои го донесоа пред 13 години. Од страна на народот.
Во периодот кога тој повикува на избори (септември 2000 година), земјата е осакатена од санкции и мнозина Срби живеат во сиромаштија. И последната република која е се' уште во сојуз во Србија, Црна Гора, се заканува да се отцепи, а во федерацијата владее атмосфера на страв и нестабилност.
Конечниот пад и отстранување на неговиот режим доаѓа веднаш по неприфаќањето на изборните резултати, односно победата на опозицискиот кандидат Воислав Коштуница.
Десетици илјади луѓе се собираат на улиците во Белград како поддршка на демократијата и како отпор против недемократскиот режим. Еден по еден, Милошевиќ го напуштаат клучните сојузници, како Српската православна црква и дел од државно контролираните медиуми.
Поддршката за демонстрантите секојдневно расте и веќе на десеттиот ден од протестите, демонстрантите упаѓаат во Сојузното собрание и српската национална телевизија (РТС), поставувајќи оган пред двете згради. Мнозина полицајци ги фрлаат шлемовите и се приклучуваат кон демонстрантите.
Новоизбраниот претседател, Воислав Коштуница, вечерта помеѓу 5 и 6 октомври, се обраќа пред насобраните граѓани од терасата на Општина Белград, а потоа и преку РТС.
Милошевиќевата диктаторска власт се распаѓа небаре е кула од карти.
На 6 октомври, Слободан Милошевиќ во телевизиско обраќање пред нацијата го признава сопствениот пораз. На 7 октомври, д-р Воислав Коштуница положува претседателска заклетва пред пратениците на Сојузното собрание, како прв демократски избран претседател на Југославија.
Политичката кариера на Слободан Милошевиќ е јасен приказ и показ како еден човек, сакајќи да го „гушне“ својот народ, ја гуши и осакатува сопствената земја, притоа уназадувајќи ја за 20 години.
Без Милошевиќ и Туѓман на чело на Србија и Хрватска, без наивноста (или пак плашливоста) на македонско-црногорско-босанскиот политички врв, земјите наследнички на СФРЈ, сигурно ќе беа далеку понапред од цела Источна, а делумно и од Средна Европа.
Без Милошевиќ и Туѓман на чело на Србија и Хрватска, без наивноста (или пак плашливоста) на македонско-црногорско-босанскиот политички врв, земјите наследнички на СФРЈ, сигурно ќе беа далеку понапред од цела Источна, а делумно и од Средна Европа.

Добар старт,те следиме поздрав
ReplyDelete